International Council of Achives

Архивистите низ целиот свет го празнуваат Меѓународниот ден на архивите – 9 јуни

На Годишното генерално собрание на Меѓународниот архивски совет (МАС) во Квебек, ноември 2007 година, членовите на МАС со право на глас, одлучија дека Меѓународниот ден на архивите треба да се прославува на 9 јуни. На овој ден во 1948 година беше основан Меѓународниот архивски совет (МАС) во рамките на УНЕСКО, Париз.

Меѓународниот ден на архивите им нуди на архивите од целиот свет исклучителна можност да ја промовираат улогата на документите и архивите во нивната земја. Може да биде искористен за да се убедат клучните луѓе во одлучувањето дека ефективното канцелариско работење е предуслов за добро управување, транспарентност и одговорност; да се нагласи важноста од чувањето на архивската граѓа за колективната меморија на нациите и општеството и да се охрабрат оние членови од јавноста, кој никогаш до тогаш не го направиле тоа, да ги консултираат архивите за прв пат. Општо речено, може да се искористи како начин за подигање на јавната свест за архивската граѓа и архивистите преку медиумите. Во земјите каде што во моментот нема национално прославување на архивите, ова наметнува силен поттик да се организира такво нешто за прв пат. А во оние земји каде што веќе постои добро востановена прослава на друг ден во годината, Меѓународниот архивски ден нуди друга можност да се обединат клучните пораки за значењето на архивите.

МАС верува дека, како што се организираат симултано програми за кревање на свеста за архивите во поголем број на земји, ќе има поголема меѓународна солидарност меѓу учесниците.

Најнови објави