nas2-predlog

Вардарскиот регион низ документите на ДАРМ – одделение Велес

На 22 октомври 2012 година, во Ликовниот салон во Велес, беше отворена изложба насловена „Вардарскиот регион низ документите на Државниот архив на Република Македонија – одделение Велес“. Автор на изложбата е Слободан Ников, раководител на Државниот архив на Република Македонија – одделение Велес. На чинот на отварањето на изложбата беа поканети и присуствуваа личности од јавниот и културниот живот во општина Велес и голем број граѓани.

За содржината на изложбата, пред присутните се обрати директорот на Државниот архив на Република Македонија Проф. Д-р Зоран Тодоровски, кој меѓу другото го истакна научното и едукативното значење на изложбата. Пред присутните се обрати и авторот на изложбата, Слободан Ников, а Градоначалникот на општина Велес, Горан Петров ја отвори изложбата. По отварањето, посетеноста на изложбата од граѓаните е на задоволително ниво, а посебен интерес е појавен меѓу учениците од основните и средни училишта во општина Велес. По претставувањето на изложбата во Велес, истата ќе биде претставена во општините Неготино, Кавадарци, Демир Капија и Гевгелија, а има најава за претставување и во други општини низ Република Македонија. Особено се истакнува медиумската покриеност на отварањето на изложбата коja беше на високо ниво. Една од локалните телевизии сними и документарна емисија, што само по себе говори за значењето на изложбата.

Најнови објави

Движете нагоре