nas2-predlog

Информација за соработка со Воениот музеј во Стокхолм

Државниот архив на Република Македонија, на иницијатива на Воениот музеј во Стокхолм и со посредување на г-ѓа Александра Наќева Ружин, амбасадор на Република Македонија во Кралството Шведска, започна со подготовка на изложба со наслов „Македонија 1914“. Оваа изложба е по повод одбележувањето на 100 годишнината од почетокот на Првата светска војна.

Воениот музеј во Стокхолм започна со одбележувањето на овој јубилеј во втората половина на 2014 година, преку претставување на изложбите на Австрија, Холандија и Србија, а во моментов во подготовка се изложбите на Русија, Белорусија и Чешка. Планирано е изложбите на оваа тема да се одржуваат во текот на четири години, како симболика за периодот на траењето на војната.

Изложбата за Македонија би се реализирала во периодот од ноември 2015 година до февруари 2016 година, а целта е преку истата да се претстават политичките, културните и економските состојби во Македонија во периодот на Првата светска војна, настаните кои претходеле на тој период, како и учеството на македонскиот народ во војната.

Оваа изложба е одлична можност за вклучување на Државниот архив во одбележувањето на 100 годишнината од Првата светска војна преку презентирање на архивските документи што се чуваат во депоата на Архивите во Македонија.

Најнови објави

Учество на состанок на Редакцискиот одбор на списанието на Историскиот архив на Пожаревац и работен состанок со потпретседателката на Меѓународниот центар за архивско истражување (ICARUS)

На покана на д-р Јасмина Николиќ, директор на Историскиот архив на Пожаревац и уредник на

Дознај повеќе...

ОБЈАВЕНА Е ВТОРАТА КНИГА ОД ВТОРИОТ ТОМ ОД „ОСМАНЛИСКИ ДОКУМЕНТИ ЗА ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА – ПОПИСИ ОД ХIX ВЕК (1832-1833) СКОПСКИ САНЏАК, СКОПСКА КАЗА“ ОД АВТОРОТ  Д-Р АДНАН ШЕРИФ

Објавена е петтата книга, всушност втора книга од вториот том од серијата ,,Османлиски документи за

Дознај повеќе...