makjazik

СПЕЦИЈАЛНА ЕДИЦИЈА НА ДОКУМЕНТИ

По повод Денот на независноста на Република Македонија – „8 Септември“, Државниот архив публикува серија на копии од репрезентативни документи од македонското културно наследство. Од богатата ризница на архивски материјал избрани се: фрагмент од Евангелието на Лука од 12. век, Решението за прогласување на Илинден – 2 август за народен празник на Македонија од 1944 г., Решението од АСНОМ за заведување на македонскиот јазик како службен јазик во Македонија од 1944 г., Законот за името на Народната Република Македонија од 1946 г. и Декларацијата за меѓународно признавање на Република Македонија како суверена и независна држава од 1991 г. Оваа ексклузивна серија изработена на „фабијано“ хартија е прва едиција од овој вид наменета за промовирање на македонската историја во земјава и во странство. Сите заинтересирани ќе можат да ги набават овие ексклузивни копии по пристапни цени во Државниот архив на Република Македонија.

tuturutki

Најнови објави

Учество на состанок на Редакцискиот одбор на списанието на Историскиот архив на Пожаревац и работен состанок со потпретседателката на Меѓународниот центар за архивско истражување (ICARUS)

На покана на д-р Јасмина Николиќ, директор на Историскиот архив на Пожаревац и уредник на

Дознај повеќе...

ОБЈАВЕНА Е ВТОРАТА КНИГА ОД ВТОРИОТ ТОМ ОД „ОСМАНЛИСКИ ДОКУМЕНТИ ЗА ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА – ПОПИСИ ОД ХIX ВЕК (1832-1833) СКОПСКИ САНЏАК, СКОПСКА КАЗА“ ОД АВТОРОТ  Д-Р АДНАН ШЕРИФ

Објавена е петтата книга, всушност втора книга од вториот том од серијата ,,Османлиски документи за

Дознај повеќе...