nas2-predlog

СРЕДБА НА ИНСПЕКТОРИТЕ ОД ДРЖАВНИОТ АРХИВ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

На 26 мај 2015 година во седиштето на Државниот архив на Република Македонија се одржа работна средба на инспекторите за архивски материјал од централниот дел на Архивот и од неговите подрачни одделенија, на која беа разгледани прашања за имплементацијата на реформите во работењето на инспекциската служба, согласно Законот за инспекциски надзор. На средбата беа доделени привремените лиценци за работа на инспекторите, издадени од страна на Инспекцискиот совет. Директорот на Државниот архив, д-р Филип Петровски, кој ја отвори оваа работна средба, истакна дека Архивот ќе продолжи да дава активен придонес во спроведувањето на реформите во инспекцискиот надзор, во доменот на архивското работење. На средбата беа разгледани и прашања поврзани со измените на Законот за архивски материјал и нивното влијание врз работата на инспекциската служба.

kolegium26.5

Најнови објави