Logo na DARM

1 август – „Отворен ден на архивите“

По повод националниот празник 2 Август, Ден на Републиката, на 1 август 2015 година вратите на Државниот архив на Република Македонија и на сите негови одделенија беа отворени за јавноста од 18 до 22 часот. Преку богатството од документи чувани во депоата на Архивот се презентираше македонската историја и се промовираше архивистичката професија.

Сите посетители имаа можност да ги запознаат историјатот и дејноста на Архивот на 30-минутно разгледување со водич, почнувајќи од постојаните изложбени поставки на Архивот, преку витрините со ретките документи, читалната и штандот со изложени изданија на Државниот архив. Од старите и најрепрезентативни документи посетителите пројавија интерес пред сèза одломките на Евангелието според Лука од 12. век и на Цветниот триод од крајот на 13. и почетокот на 14. век како и за експонатите за државноста и осамостојувањето на Република Македонија.

Од богатиот избор на изданија на Архивот, најмногу се бараа Турските документи, особено од Илинденскиот период и монографијата „Тодор Александров“ од д-р Зоран Тодоровски.

Најнови објави