International Centre for Archival Research

ICARUS – Меѓународeн центар за архивско истражување

Д-р Филип Петровски, директор на Државниот архив на Република Македонија, во периодот од 27 до 29 април 2015 година, во Прага – Република Чешка присуствуваше на 15-тата по ред Меѓународна конференција на Меѓународниот центар за архивско истражување (ICARUS – International Centre for Archival Research).

ICARUS е невладина, непрофитна организација, со седиште во Виена – Австрија, чија цел е поврзување на архивите, дигитализирање на архивски документи и нивна достапност преку заеднички web портали, кои вклучуваат земји од Европа.

На Конференцијата беше претставена организационата поставеност и начинот на работа во Националниот архив на Република Чешка, беа претставени повеќе нови проекти во областа на архивистиката, се разговараше за архивската едукација, како и за можностите за користење на дигитализираниот архивски материјал во образованието, посебно за студентите по историја.

За време на Конференцијата д-р Филип Петровски, разговараше со претседателот на ICARUS, д-р Томас Аигнер, како и со другите членови на извршниот одбор на оваа организација и при тоа е договорено вклучување на Државниот архив на Република Македонија на Европскиот архивски портал (APEx – Archives Portal Europe).

Овој портал овозможува бесплатен 24/7 пристап до информации за дигитализираниот архивски материјал од сите земји учеснички на истиот (33 земји од Европа) и им овозможува на корисниците тематско и хронолошко пребарување во архивски и историски контекст на ниво на Европа.

Најнови објави

Движете нагоре