5612

Втор дел од Специјалната едиција на документи

На крајот 2015 година Државниот архив на Република Македонија го објави вториот дел од Специјалната едиција на документи верни на оригиналот. Првиот дел од едицијата е објавен по повод Денот на независноста на Република Македонија – 8 Септември.

Од културното наследство чувано во депото на Државниот архив на Република Македонија во новата едиција се избрани:

Превземете:

  1. Свидетелство за храброст, 8 јули 1903 год.
  2. Одломка од „Цветен триод“ (Пентикостар), крај на XIII век – почеток на XIV век, македонска рецензија, пергамент
  3. Карта на Македонија од 1913 година, Д. Павле Чуповски
  4. Законот за Народната влада на Македонија, 16 април 1945 година
  5. Закон за грбот на НРМ, 27 јули 1946 година

Оваа ексклузивна серија е наменета за промовирање на македонската историја во земјава и во странство. Сите заинтересирани ќе можат да ги набават овие ексклузивни копии по пристапни цени во Државниот архив на Република Македонија и во сите сувенирници ва надлежност на Музејот на Македонија.

Најнови објави