Директорот на државниот архив на Република Македонија д-р Филип Петровски по покана од генералниот директор на Владините државни архиви на Република Турција доц. д-р Угур Унал го посети Османлискиот архив во Истанбул од 14 до 16 декември 2015 година. Целта на посетата беше зацврстување на соработката помеѓу двата државни архиви.
Покрај размената на мислења и искуства се разговараше за продлабочување на соработката со нови заеднички проекти: дигитализација на архивски материјал од османскиот период во ДАРМ, реализација на заеднички изложби и публикација на изданија од документи во депоата на двата архива.