logsimp

Симпозиум „Стогодишнината од Првата светска војна, фронтот кај Чанаккале – нивните глобални последици“

На 9 и 10 декември 2015 година Државниот архив на Република Македонија во соработка со Генералната дирекција на Државните архиви на Република Турција, под покровителство на претседателот на Република Македонија, господинот Ѓорѓе Иванов, го организира симпозиумот на тема „Стогодишнината од Првата светска војна, фронтот кај Чанаккале – нивните глобални последици“.

Симпозиумот го отворија директорот на Државниот архив на Република Македонија, д-р Филип Петровски и проф. д-р Џезми Ераслан од Институтот за начелата на Ататурк и историјата на обновата на Турција при Универзитетот во Истанбул. На присутните им се обрати и претседателот на Република Македонија, Н.Е. Ѓорѓе Иванов. На отворањето присустуваа Н.Е. Омур Шолендил, амбасадор на Република Турција и г. Мехмет Самсакчи, директор на Турскиот културен центар.

На симпозиумот учествуваа 35 еминентни научници, од кои 23 беа од Турција, 7 од Македонија, двајца од Бугарија и по еден од Унгарија и од Полска.

Темите на сесиите беа: „Регионот и Светот пред Првата светска војна“; „Влијанијата на Првата светска војна врз народите од регионот“; „Законот за воените злосторства на фронтот на Чанаккале“; „Националните и меѓународните последици од Првата светска војна“ и „Македонскиот фронт во Првата светска војна“. Симпозиумот ќе продолжи на 12 декември 2015 година во Битола на тема „Фронтот кај Чанаккале од воена перспектива“ во организација на Универзитетот „Св. Климент Охридски“.

Превземете: Поздравен говор на директорот на ДАРМ, д-р Филип Петровски

Најнови објави

Движете нагоре