NOVOto-LOGO

Советување на тема: “Надлежности на Секторот за инспекциски надзор и заштита на архивскиот материјал кај имателите во согласност со правната регулатива“

На 24 декември 2015 година во Библиотеката “Гоце Делчев“ во Велес, Државниот архив на Република Македонија одржа Советување на тема “Надлежности на Секторот за инспекциски надзор и заштита на архивскиот материјал кај имателите во согласност со правната регулатива“. На советувањето учествуваа инспекторите за архивски материјал од Државниот архив со сите негови подрачни одделенија, како и надлежните за давање стручна помош во архивското работење на имателите.

Директорот на Државниот архив, д-р Филип Петровски, во својот воведен говор ги презентираше главните правци за развој и унапредување на работењето на инспекциската служба на Државниот архив и на службата за стручна помош кај имателите. Во две работни сесии беше направена анализа на одредбите од Законот за архивски материјал и Законот за општа управна постапка, со кои се уредуваат надлежностите на Одделението за евиденција, заштита и стручен надзор на архивскиот материјал кај имателите, како и анализа на одредбите од Законот за инспекциски надзор и Законот за прекршоци, релевантни за работењето и за надлежностите на Одделението за вршење надзор и контрола кај имателите.

Ова Советување претставува почеток на една серија сеопфатни советувања што Државниот архив ќе ги реализира во текот на 2016 година за потребите на имателите на архивски материјал низ целата територија на Република Македонија.

Превземете: Агенда на советувањето

Најнови објави