NOVOto-LOGO

Втора меѓународна конференција – Денови на ICARUS во Хрватска и Втора меѓународна конференција на државните архиви од словенските држави

Д-р Филип Петровски, директор на Државниот архив на Република Македонија, во периодот од 10 до 12 март 2016 година учествуваше на втората по ред конференција од серијата – Денови на Меѓународниот центар за архивско истражување во Хрватска, организирана од страна на Хрватскиот државен архив, Меѓународниот центар за архивско истражување (International Centre for archival research – ICARUS) со седиште во Виена и Државниот архив во Дубровник.

На конференцијата беа претставени повеќе меѓународни архивски проекти на Меѓународниот центар за архивско истражување, како што се: „Трагите на Венеција на Медитеранот“, „Партнерство и соработка“, меѓународниот проект „CO:OP“ (Заедницата како можност) и „Првата светска војна – стории и активности“.

Во исто време во Дубровник се оддржа и Втората меѓународна конференција на државните архиви од словенските држави, под мотивот Together (Заедно), а во организација на Форумот на словенските култури. На оваа конференција се разговараше за можноста за изработка на Водич за архивскиот материјал од Првата светска војна и Регистер на словенските архиви.

Водичот за архивскиот материјал од Првата светска војна треба да ги собере на едно место податоците за архивскиот материјал за Првата светска војна од сите национални архиви од словенските држави и на тој начин тие да станат поблиски и подостапни за истражувачите, но и за целокупната јавност, а истиот се очекува да биде завршен во 2018 година.

Овие две конференции беа одлична можност на едно место да се сретнат претставниците на архивите од регионот и да разговараат за нивните заеднички активности, како на билатерален така и на мултилатерален план.

На горенаведените настани беше забележано присуството на претставници од националните архиви на: Белорусија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Чешка, Хрватска, Косово, Македонија, Полска, Русија, Словенија, Словачка, Србија, Украина и претставници од Меѓународниот центар за архивско истражување (ICARUS).

Најнови објави