NOVOto-LOGO

Г-дин Кирил Петров, в.д. директорот на Државниот архив на Република Македонија во посета на повеќе архивски институции во Белград, Република Србија

Г-дин Кирил Петров, в.д. директор на Државниот архив на Република Македонија во периодот од 25 до 29 септември 2017 година, во Белград, Република Србија, оствари повеќе работни состаноци.

Во горенаведениот период во Архивот на Југославија во Белград, како продолжување на досегашните активности за подготовување на Проектот за дигитализација на заедничкото архивско наследство од СФР Југославија, односно имплементацијата на Спогодбата за прашањата за сукцесија на поранешна СФРЈ и Анексот Д од истата, претстојуваа претставници од Државниот архив на Република Македонија, Хрватскиот државен архив, Архивот на Република Словенија, Архивот на Босна и Херцеговина и Одделението за административни и архивски работи (Дипломатски архив) при Министерството за надворешни работи на Република Србија.

Во Архивот на Југославија се одржаа состаноци на Советот и на Работната група на Проектот за дигитализација на заедничкото архивско наследство од поранешна СФРЈ, при што вкупно 10 архивисти и четворица директори на национални архиви од земјите сукцесори ги дефинираа потребните параметри за објавување на јавен тендер за обезбедување на надворешен реализатор за услугите за скенирање на заедничкото архивско наследство од поранешна СФР Југославија, а во исто време работеа на подготвување на упатство за начинот на дигитализирање и утврдувањето на фондовите што се од заедничко, односно приоритетно значење, кои ќе бидат предмет на дигитализација.

Во врска со Спогодбата за прашањата за сукцесија на поранешна СФРЈ и Анексот Д од истата, кои се однесува на поделбата на заедничкото архивско наследство, на 27 септември 2017 година, г-дин Кирил Петров, оствари средба со г-ѓа Зорица Аврамовиќ Живковиќ, началник на Одделението за административни и архивски работи (Дипломатски архив) при МНР на Република Србија и г-дин Раде Стефановиќ, заменик на генералниот секретар на Генералниот секретаријат на МНР на Р.Србија, на која што средба беа утврдени активностите за реализација на понатамошната соработка со овој Архив.

На 27 септември 2017 година, г-дин Кирил Петров, оствари средба и во Архивот на Србија, при што разговараше со г-ѓа Јелица Рељиќ и г-дин Златибор Марковиќ, заменици на директорот на Архивот на Србија, како и со г-ѓа Љубинка Шкодриќ, раководител на Одделение за користење на архивски материјал и техничка заштита. После осамостојувањето на Република Македонија, ова е прва официјална посетана претставници од Државниот архив на Република Македонија на Архивот на Србија и почеток на идната соработка со овој Архив.

За време на престојот во Белград, г-дин Кирил Петров, оствари билатерални состаноци со директорот на Архивот на Република Словенија, д-р Бојан Цвелфар, со директорот на Архивот на Југославија, д-р Милан Терзиќ, со директорот на Архивот на Босна и Херцеговина, г-дин Саша Клепиќ, како и со претставниците на Хрватскиот државен архив, на кои разговараше за соработката со овие установи, за можноста за спроведување на истражувања во овие Архиви од страна на претставници на Државниот архив на Република Македонија, како и испраќање на архивисти од Република Македонија на архивски обуки во овие архивски институции.

На 29 септември 2017 година, г-дин Кирил Петров го посети Воениот архив при Министерството за одбрана на Република Србија, каде беше примен од директорот, капетан Горан Петровиќ и од помошник директорот,Душко Милојевиќ. Во овој Архив се наоѓа архивски материјал од интерес за сите поранешни републики на СФР Југославија.

Најнови објави

Претставник на Државниот архив, м-р Вулнет Исени, учествуваше на меѓународна конференција посветена на историја на архивите во Општина Тузи, Република Црна Гора

Раководителот на одделението на Државниот архив од Куманово, м-р Вулнет Исени, учествуваше на V меѓународна

Дознај повеќе...
Движете нагоре