NOVOto-LOGO

ИЗВЕШТАЈ ОД ПОСЕТАТА НА РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА ЗАРАДИ ПРИСУСТВО НА МЕЃУНАРОДЕН АРХИВСКИ КОНГРЕС

По покана од Генералната дирекција на Државните архиви на Р Турција и од Генералната дирекција на Катастарот при Министерството за животна средина и урбанизам на Р Турција, во периодот од 19 до 24 ноември 2017 година, делегација од Република Македонија во состав: Кирил Петров, в.д. директор на Државниот архив, Аднан Шериф, помошник-раководител на Секторот за средување и обработка на архивски материјал и Лили Саватиќ, раководител на Одделението за средување и обработка на архивски материјал – стар период, присуствуваа на Вториот меѓународен архивски конгрес за земјите во состав на Отоманската Империја.

Покрај присуството и учеството со реферат на конгресот на еден член од делегацијата, посетата на Р Турција се искористи и за утврдување на деталите за понатамошна соработка со Османлискиот архив во Истанбул. Во депоата на Архивот има многубројни документи за историјата на Република Македонија кои се се уште неистражени, а кои би можеле да фрлат нова светлина и да откријат нови факти за историјата на Македонија. За таа цел се реализираше состанок со генералниот директор заради договор за термините и за условите под кои две групи од по двајца истражувачи годишно во траење од две недели ќе престојуваат во Р Турција и ќе истражуваат документација што се однесува на историјата на земјата.

Од страна на организаторите на Конгресот бевме срдечно пречекани, а од Архивот ни се понудени посебни привилегии при истражувањето и соработката, која ќе трае се додека не ги исцрпиме сите историски документи што се од извонредно значење за историографијата на Р Македонија.

Најнови објави

Движете нагоре