MA22

„Македонски архивист“ бр. 22

Државниот архив на Република Македонија 2017 година ја заокружи со објавувањето на списанието „Македонски архивист“ со реден број 22. Списанието содржи научни трудови од областа на архивистиката и историјата. Изданието изобилува со фотографии и факсимили во боја.

Во списанието се објавени следните статии:

– Меѓународен архивски совет (создавање, мисија и организација);

– Заштитата и чувањето на архивскиот и на документарниот материјал во Република Македонија;

– Присуството на габи во библиотеките и во архивите и нивното влијание врз состојбата и здравјето на луѓето;

– Развојот на словенечкиот електронски архив;

– Управување архивски записи;

– Едно лично искуство за собирање архивски материјал од македонското иселеништво;

– За „Илинденските досиеја“;

– Масовните извори и нивното применување;

– Пописите на населението како историски извори.

Во рубриката Архивски материјали и регистратури се објавени прикази за:

– фондот „Манастир во Река (1746-1912);

– фондот „ Данило Јанчулев, трговец од Скопје (1909-1949)“;

– фондот „Анастас Митрев, публицист и општественик – Скопје“

– фондот „Совет за школството на НРМ“.

Документи и материјали е рубрика што ги содржи следните наслови:

– Историјата на еден документ: Писмо од 12 зедници од Битолскиот Вилает против католичките мисионери од католичката црква (Lazarists) во Битола (1861 г.);

– Статистички податоци за град Скопје (1919,1932);

– Од „Илинденските досиеја“ ;

– Весник „Нова Македонија“ за Архивот на Македонија (1946-1963);

– Публикации на ДАРМ (список на објавените трудови во 2016 год.)

Најнови објави