budimlogo

Меѓународна конференција на ИКАРУС

Во периодот од 17 до 20 октомври 2016 година, директорот на Државниот архив на Република Македонија, д-р Филип Петровски, учествуваше на меѓународната конференција со работен наслов – Хунгарикана и многу повеќе, којашто се одржа во Будимпешта, Република Унгарија.

На конференцијата беше претставен проектот „Хунгарикана“, кој овозможува пристап до единственото и досега никогаш јавно достапно унгарско културно наследство.

Овој проект има за цел да создаде средина каде што професионалци, но и аматери ќе можат да ја истражуваат унгарската како и персоналната историја.

Конференцијата беше организирана од страна на Меѓународниот центар за архивско истражување (International centre for archival research – ICARUS), Архивот на градот Будимпешта и Националниот архив на Унгарија, а беше кофинансирана од “Креативна Европа”, програма на Европската Унија преку проектот “Community as opportunity (co:op)”.

Учесниците на оваа конференција имаа можност да се запознаат со начинот на работење во архивите во Унгарија, но и со тековните проекти на ИКАРУС. На конференцијата беа презентирани бројни иновативни решенија за дигитализација на културното наследство, беше претставен проектот “ZEDHIA” – онлајн портал за историски бизнис информации, паралелно беше одржана и работилница за прашањата за авторските права и архивирањето како и за достапноста на дигиталното наследство.

Најнови објави

Претставник на Државниот архив, м-р Вулнет Исени, учествуваше на меѓународна конференција посветена на историја на архивите во Општина Тузи, Република Црна Гора

Раководителот на одделението на Државниот архив од Куманово, м-р Вулнет Исени, учествуваше на V меѓународна

Дознај повеќе...
Движете нагоре