Д-р Музафер Бислими, заменик директор на Државниот архив на Република Македонија и д-р Аднан Шериф, помошник раководител на секторот за средување и обработка на архивски материјал, во периодот од 06 до 11 мај 2018 година реализираа научно-истражувачки работа во Османлискиот архив во Истанбул.
После деталните истражувања низ архивските фондови на Османлискиот архив, во Државниот архив на Република Македонија е донесен мошне вреден архивски материјал од XIX век, односно пописни дефтери за Косовскиот (Скопскиот) и Битолскиот вилает. Донесени севкупно 48 дефтери, со повеке од 2400 страници во дигитална форма.
Со ова истражување Државниот архив на Република Македонија се стекна со значајни дигитални копии на архивски материјал за историјата на Македонија, но исто така ова претставува можност Архивот да ги докомплетира своите изданија за пописите на населението во Македонија од времето на Османлиското владеење во XIX век.
Во наредниот период, откако ќе се направи превод на горенаведениот материјал одстрана на нашите османолози – ориенталисти, истиот ќе може даго користат нашите историчари и другите истражувач и во читалната на Архивот, кои се интересираат за минатото на Македонија.