NOVOto-LOGO

ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПРЕДЛОЗИ ЗА ПУБЛИКУВАЊЕ ВО 2018 ГОДИНА

Државниот архив на Република Македонија објавува повик за прибирање на предлози за публикување на:

– монографии (публикаци што исцрпно обработуваат одреден настан, проблем, прашање, тема или личност од историјата на Македонија);

– зборници на документи;

– коментари за одредени историски теми, настани и личности;

– оргинални трудови од истакнати историски личности;

– стручни трудови од областа на архивистиката и

– други публикации релевантни за архивската дејност.

Рокот за доставување на предлозите за публикување е до 15 декември 2017 година.

Комисијата за издавачка дејност при Државниот архив на Република Македонија одлучува дали одреден предлог ќе биде прифатен или не и за истото ги информира доставувачите на предлозите, најкасно до крајот на јануари 2018 година.

Предлог за публикување до Државниот архив на Република Македонија поднесува авторот (редакторот).

Предлогот треба да содржи:

– наслов на публикацијата (работен или конечен;

– име и презиме на авторот или редакторот на публикацијата со кратка биографија, список на претходно објавени публикации и контакт информации;

– име и презиме на авторот на предговорот (вовед);

– поговор или коментар;

– име и презиме на лицето што прави избор на документите (доколку се прави избор);

– краток приказ на публикацијата;

– временска рамка за подготовка на публикацијата; и

– заклучок.

Трудот што се поднесува треба да е изработен според вообичаените правила и стандарди за издавање стручни трудови.

Сите трудови треба да се отчукани со македонска поддршка во некоја од програмите на MS Word, снимени во формат на документ (**.doc).Задолжителна е употребата на фонтот Times New Roman. Во текстот големината на буквите е 12 точки, а проредот 1,5. Во белешките големината на буквите е 10 точки, а проредот најмал (single).

Сите заинтересирани своите трудови можат да ги испратат на следната адреса:

Државен архив на Република Македонија

– за Комисијата за издавачка дејност

Кеј „Димитар Влахов“ бр. 19

1000 Скопје

или во електронска форма на следниот e-mail: info@arhiv.gov.mk.

Скопје, 17 ноември 2017 г.

Превземете: Повик за прибирање на предлози за публикување во 2018 година

Најнови објави