На 1 април 2016 година Државниот архив на Република Македонија по повод 65-годишнината од своето основање, се одржа состанок со цел формирање Професионално архивско здружение на архивите од Југоисточна Европа, на кој присуствуваа претставници од националните архиви од: Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Косово, Романија, Словенија, Турција, Хрватска и Црна Гора, а како почесни гости претставници на Меѓународниот центар за архивско истражување, конзорциум со седиште во Виена, Австрија. На оваа собрание се разгледуваше иницијативата за основање на Професионално архивско здружение на архивите од Југоисточна Европа, изнесена на Годишното собрание на Меѓународниот совет на архивите минатата година во Рејкјавик, Исланд.
Конференцијата ја отвори министерката за култура г-ѓа Елизабета Канческа- Милевска и д-р Филип Петровски, директор на Државниот архив на Република Македонија.
„Недостасува едно здружение кое ќе им помогне на нашите архиви, на нашите вработени, на стручњаците од областа на архивите и архивистиката да соработуваат, да разменуваат искуства и симболично да ги изградиме мостовите кои можеби недостасуваат или ги има но не се доволно силни“, изјави д-р Петровски.
„Оваа иницијативата за создавање на здружение, која произлезе од директорот на Државниот архивот на Македонија, ќе биде двигател на многу заеднички проекти и активности кои ќе бидат во функција на соодветна заштита и промоција на нашето културно и историско наследство“, истакна Канческа-Милевска.
Професионалното архивско здружение на националните архиви од Југоисточна Европа се предвидува да дејствува како независно професионално тело, а во согласнот со Меѓународниот архивски совет во иднина може да се разгледа можноста за негово функционирање како огранок за Југоисточна Европа.
На крајот на состанок беше потпишано писмо за намера од страна на сите претставници од националните архиви од земјите на регионот.