postersovetuvanje

Советувања на тема: “Правна регулатива и техники на канцелариско и архивско работење“

Согласно предвидените активности во својата годишна програма за 2016 година, Државниот архив продолжува со реализација на советувања и обуки за иматели на јавен и за иматели на приватен архивски материјал на целата територија на Република Македонија. Во тие рамки беа реализирани следните советувањата: на 30 и 31 мај 2016 година во Домот на културата “Иван Мазов“ во Кавадарци беше одржано Советување на тема “Правна регулатива и техники на канцелариско и архивско работење“ за имателите од централниот дел на Македонија за кои е надлежно одделението Велес при Државниот архив. На советувањето учествуваа 99 претставници од јавни институции и претпријатија во надлежност на локалната самоуправа, основни и средни училишта, здравствени и социјални установи, како и неколку претставници на приватни правни лица, а беа презентирани измените во законските и подзаконските акти за канцелариско и архивско работење, техниките на канцелариско и архивско работење, како и надлежностите на Државниот архив во инспекцискиот надзор. Исто така, се дискутираше и за предизвиците пред кои се наоѓа јавната администрација во доменот на управувањето со електронските документи. Советување на истата тема со учество на 115 претставници од иматели на јавен архивски материјал за кои е надлежно одделението во Скопје при Државниот архив, беше одржано на 2 јуни 2016 година во Музејот на македонската борба во Скопје.

Најнови објави

Претставник на Државниот архив, м-р Вулнет Исени, учествуваше на меѓународна конференција посветена на историја на архивите во Општина Тузи, Република Црна Гора

Раководителот на одделението на Државниот архив од Куманово, м-р Вулнет Исени, учествуваше на V меѓународна

Дознај повеќе...
Движете нагоре