LogoVodic2018

АРХИВСКИ ФОНДОВИ И ЗБИРКИ ВО ДРЖАВНИОТ АРХИВ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (2006-2016)

Водичот „Архивски фондови и збирки во Државниот архив на Република Македонија (2006-2016)“, кој тукушто излезе од печат, има цел да им служи на вработените како и на истражувачите и на другите корисници на архивскиот материјал.

Водичот на архивските фондови и збирки дава основни податоци за архивите и за архивските фондови што се чуваат во нив. Податоците за архивските фондови и збирки се дадени за секој фонд посебно. Пред да се наведат податоците за архивските фондови и збирки на еден архив, дадена е кратка белешка, која по правило ги содржи основните податоци за Архивот (назив и адреса, време на основањето, развиток, организациска структура, територијална и фактичка надлежност, можност за давање технички услуги, услуги на читалницата, работно време и сл.), потоа за бројот на архивските фондови и збирки и за општата карактеристика на архивскиот материјал, за информативните средства, каталозите и сл. Во Државниот архив на Република Македонија од основањето во 1951 година заклучно со 2016 година се евидентирани и згрижени 7.687 архивски фондови и збирки (во оваа бројка не се опфатени 191 архивски фонд на микрофилм од странска провениенција – со повеќе од еден милион микроснимки од следните земји: Австрија, Бугарија, Велика Британија, Сојузна Република Германија, Демократска Република Германија, Италија, Русија, Соединетите Американски Држави, Франција и Швајцарија). Во Државниот архив на Република Македонија во периодот 2006-2016 година се преземени вкупно 618 нови архивски фондови и збирки, кои за првпат се публикуваат во овој водич. Водичот на архивски фондови и збирки (2006-2016) ја прикажува состојбата на фондовите и збирките заклучно со 2016 година.

Пред Државниот архив на Република Македонија претстои обврска за изработка на интегриран Водич низ архивските фондови и збирки во електронска форма, кој ќе ги опфати досега објавените водичи од 1982, 1994, 2006 и 2018 кон кои ќе се приклучи и Водичот низ микрофилмуваниот архивски материјал од странска провениенција од 2006 година.

Најнови објави

Движете нагоре