profilnologoWEB

В.д. заменик-директорот на Државниот архив на Република Северна Македонија, д-р Музафер Бислими во работна посета на Генералната дирекција на Архивите на Албанија

Делегација на Државниот архив на Република Северна Македонија предводена од в.д заменик-директорот д-р Музафер Бислими од 8 до 11 мај 2019 година оствари работна посета на Генералната дирекција на Архивите на Албанија. На одвоена средба двете страни дискутираа за продлабочување на меѓусебната соработка на повеќе полиња како размена на информации за постоење на архивски документи, размена на стручни лица од областа на архивското работење, објавување заеднички изданија поврзани со архивските документи, организирање заеднички изложби како и давање меѓусебна помош за развојот и подобрување на квалитетот на архивската дејност и на условите за чување и управување на архивски документи. Директорот на Генералната дирекција на Архивите на Албанија, д-р Ардит Бидо ги информираше гостите за меѓународната конференција која ќе се одржи идниот месец во Скопје, а на која учевство ќе земат архивите од соседството. Во рамки на посетата, делегацијата од Државниот Архив на Република Северна Македонија имаше можност да се запознае со организационата структура на Генералната дирекција на архивите на Албанија, со процесот на работа и со дигитализацијата на архивскиот материјал.

Најнови објави