Директорот на Државниот архив д-р Емил Крстески оствари средба со Frymzim Dauti директор на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Целта на средбата беше остварување потесна меѓуинституционална соработка и можно скорешно склучување на Договор со кој Библиотеката на Државниот архив ќе добие статус на полноправна членка во системот на COBISS.MK. Овој договор е врз основа на Договорот за имплементација на системот на COBISS во државава, склучен помеѓу Националниот COBISS – центар и Институтот за информатички науки во Марибор, Словенија и интересот за соработка во рамките на библиотечно-информацискиот систем COBISS.MK и мрежата COBISS.Net.
Денес славиме 75 години постоење на Државниот архив
Овој јубилеј е повеќе од бројка – тоа е сведоштво за истрајноста, посветеноста и историската
