Директорот на Државниот архив на Република Северна Македонија г. Кирил Петров, на 6 март 2019 година реализира работна посета на Архивот на Војводина во Нови Сад. За време на посетата беше остварена средба со директорот на архивот на Војводина д-р Небојша Кузмановиќ. На состанокот се разговараше за можно склучување и потпишување Протокол за соработка помеѓу архивите, со цел размена на стручни искуства, заемна посета на архивисти, организирање заеднички манифестации, размена на публикации, полесен пристап до архивискиот материјал наменет за истражување итн. По состанокот директорот на Државниот архив на Република Северна Македонија имаше можност да се запознае со организациската структура на Архивот, со начинот на постапување со архивскиот материјал и со просториите (депоата, лабораториите, читалната) со кои располага архивот на Војводина.
ТРИЕСЕТ И ДВЕ ГОДИНИ – НЕЗАВИСНОСТ
На 8 септември Република Северна Македонија прославува 32 години од стекнувањето на својата независност. На