Имајќи го предвид заедничкиот научен и професионален интерес, уверени дека воспоставувањето односи на постојана соработка и размена претставува предизвик и ги збогатува професионалните активности во областа на архивистиката, уверени дека унапредувањето на меѓународната соработка во областа на архивистиката е еден од темелните елементи за осигурување на соодветна заштита на архивскиот материјал како културно добро, и повикувајќи се на Меѓународниот етички кодекс на архивистите, усвоен од Меѓународниот архивски совет на неговото заседание од 6 септември 1996 година во Пекинг, директорот на Државниот архив на Република Северна Македонија г. Кирил Петров и директорот на Архивот на Војводина д-р Небојша Кузмановиќ на 5-ти јули 2019 година во Нови Сад, склучија Меморандум за соработка.
Меморандумот за соработка има за цел спроведување на заедничките интереси за унапредување на соработката во областа на архивската наука и професија, воспоставување и унапредување на соработката меѓу страните потписнички, стручните организации и архивистите.