FRambasada

Иницијатива за продлабочување на соработката со Франција

Директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески, на 12 септември 2019 година оствари средба со амбасадорот на Франција во нашата земја, Н.Е. Кристијан Тимониер, придружуван од г-ѓа Жили Маравал, аташе за соработка во француската амбасада и шефот на неговиот кабинет, г-ѓа Жаклина Поп-Ангелова.

Директорот д-р Емил Крстески го информираше амбасадорот за значењето и за начинот на функционирање и организациската поставеност на Државниот архив, со посебен акцент на дигитализацијата и комјутеризацијата на институцијата. Стана збор и за истражувачката и издавачката дејност, како и за интенцијата на Државниот архив во современите текови и негова промоција преку поголема отвореност спрема јавноста и почитувањето на правото на граѓаните за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Директорот на Државниот архив потенцираше дека продолжуваат активностите во рамките на лоцирањето и евидентирањето на документите што се однесуваат на историјата на нашата држава и со дигитализирањето на архивските фондови, со намера тие да може да се заштитат од оштетувања, но, истовремено со електронското пребарување тие да имаат поголема достапност. Во таа смисла, директорот д-р Емил Крстески истакна дека од големо значење и полза ќе биде и искуството и соработката со соодветните архивски институции од Франција.

Францускиот амбасадор, Кристијан Тимониер, кој и самиот е историчар по професија, покажа голем интерес за активностите и проектите на Државниот архив. Тој, притоа, зборуваше за улогата и функционирањето на архивите во Франција и нагласи дека со задоволство ќе посредува во остварувањето на официјалните контакти и средби на Државниот архив со соодветните архивски институции во Франција. На крајот од посетата на Државниот архив, амбасадорот заедно со директорот, направија обиколка на нашата постојана поставка на документи, книги и фотографии, кои се со историско значење и се запозна со условите за работа во институцијата.

Најнови објави

Учество на состанок на Редакцискиот одбор на списанието на Историскиот архив на Пожаревац и работен состанок со потпретседателката на Меѓународниот центар за архивско истражување (ICARUS)

На покана на д-р Јасмина Николиќ, директор на Историскиот архив на Пожаревац и уредник на

Дознај повеќе...