Државниот архив на Република Македонија 2018 година ја заокружи со објавувањето на списанието „Македонски архивист“ број 23-24. Списанието содржи научни трудови од областа на архивистиката и историјата. Изданието изобилува со фотографии и факсимили во боја.
Во списанието се објавени следните статии:
- Активностите на Хрватскиот архив по повод стогодишнината од Првата светска
- војна;
- Нов хрватски портал „Првата светска војна (1914-1918)“ – поглед од архивот;
- Првата светска војна во изворните материјали од Државниот архив во Краков;
- Отпретани сведоштва – војнички писма од Големата војна (1914-1918);
- Европеана (1914-1918);
- „Their name liveth for evermore“ – интернет проекти за зачувувањето на меморијата за
- Првата светска војна;
- Заштита на архивскиот материјал во Државниот архив на Република Македонија;
- За процесот на средување и обработка на архивски материјал во Државниот архив на
- Република Македонија;
- Архивот во Тетово 1961-2018 (57 години архивска дејност);
- Државниот архив на Република Македонија, Подрачно одделение Куманово – фонд
- „Минстерство за одбрана 1903-1990“ бр. 525;
- Битола во белградските дневни весници „Политика“ и „Време“ од почетокот на 20
- век до почеток на Втората светска војна;
- Седмиот конгрес на ВМРО низ извештаи, писма, протоколи и записници;
- Мерките на Кралството на СХС за овековечувањето на споменот за војниците паднати
- во Балканската и во Првата светска војна (1920-1921);
- Публикации на ДАРМ (список на објавените трудови: декември 2017- јуни 2018);
- Хроника на настани.