Во периодот од 14-20 април 2019 година оставрен е научно истражувачки престој во Државен архив на Република Албанија , Архив на Академијата за албанолошки студии во Тирана и Институтот за историја на Албанија од следните лица: Д-р Музафер Бислими – заменик директор на Државниот архив на Република Северна Македонија, М-р Климентина Ивановска – раководител на Одделението за средување и обработка н архивски материјал – нов период и М-р Ирфете Ибраими – советник во Одделението за истражување, користење и публикување на архивски материјал и меѓународна соработка.
Во текот на научно-истражувачкиот престој, остварена е средба со директорот на Државниот архив на Република Албанија д-р Ардит Бидо, со кого се договоривме за работата во архивот, односно за истражување на фондовите кои се наоѓаат таму, а кои се однесуваат на Македонија за периодот од 1913 до 1944 година. Истиот материјал издвоен од фондовите ќе биде доставен до нашиот архив, снимен на електронски медиум, од кој ќе може подоцна да се користи во научно-истражувачки цели.
Прегледани се следните фондови:
- 1. Влада на Република Албанија 1929-1942
- 2. Министерство за надворешни работи 1920-1944
- 3. Министерство за правда 1922-1945
- 4. Министерство за финансии 1923-1924
- 5. Министерство за имот 1941-1944
- 6. Дирекција за полиција 1940
- 7. Главна дирекција 1941
- 8. Централен комитет на ДПА – коресподенција со Грчката комунистичка партија 1947-1991
- 9. Косовски комитет 1918-1921
- 10. Комисија за цивили, Косово, Струга, Дебар 1941
- 11. Комисија за 25 години владеење 1914
- 12. Архиепископија на Драч 1930
- 13. Префектура на Дебар 1913
- 14. Албанско здружение во Истанбул 1921
- 15. Општина Шипковица 1944
- 16. Општина Желино 1944
- 17. Александар Ставре Дренова – Асдрени 1922
- 18. Митат Фрешери 1923-1924
- 19. Јашар Еребара 1913-1929
- 20. Кристо Дако 1919
- 21. Бајрам Цури 1921
- 22. Луиѓ Гуракуќи 1920
- 23. Хаки Стермили 1944
- 24. Фан Стилиан Ноли 1921
- 25. Ѓерѓ Фишта 1921
Вкупно: 214 предмети со 3637 листа
Остварена е средба со директорот на Архивот на Академијата за албанолошки студии во Тирана, академик Маренглен Верли, со кого начелно е договорена меѓународна соработка со заеднички проект на двете држави.
Понатаму е остварена средба и со директорот на Институтот за историја на Република Албанија, академик Беќир Мета, со кого разменивме искуства во работењето на институциите.