Директорот на Државниот архив д-р Емил Крстески, оствари средба со бугарскиот амбасадор во земјава, Н.Е. Ангел Ангелов.
Директорот Крстески го информираше амбасадорот за начинот на функционирање на Државниот архив и неговата организациона структура, истакнувајќи ја одличната досегашна соработка со Државната агенција „Архиви“ на Република Бугарија како и тенденцијата за продлабочување и дополнување на Меморандумот за соработка помеѓу двата архива, кој е склучен во 2017 година со цел спроведување на заедничките интереси во областа на архивистиката.
Имајќи го предвид заедничкиот научен и професионален интерес, директорот д-р Емил Крстески ја истакна отвореноста и желбата на Државниот архив за издавање на заеднички публикации со Државната агенција „Архиви“ на Република Бугарија и размена на експерти. Амбасадорот Ангелов нагласи дека за воспоставување на полесна и постојана меѓународна соработка во иднина амбасадата ќе даде свој придонес и ќе биде своевиден мост меѓу двете институции.