TURDOK6-2Logo

ОБЈАВЕНИ „ТУРСКИ ДОКУМЕНТИ ЗА ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА – ПОПИСИ ОД XIX ВЕК“, КНИГА VI, ТОМ 2 ОД Д-Р ДРАГИ ЃОРГИЕВ

Државниот архив ги објави „Турските документи за историјата на Македонија – пописи од XIX век, книга VI, том 2“ од д-р Драги Ѓоргиев кои претставуваат продолжение на преводот на обемниот попис на населението за скопските села направен 1844/45 година. Првиот том од овој превод беше објавен во 2002 година и во него беа преведени првите 100 страници од споменатиот попис, а следните 100 страници се опфатени во вториот том. Овие документи претставуваат историски извори, т.н. теметуат дефтери, преку кои се добива претстава за бројноста, за материјалната состојба, како и за верската и професионалната структура на населението. Врз основа на овие податоци биле определувани даноците и разните давачки.

Според спроведениот попис, селското население од скопските села најмногу се занимавало со земјоделство и со одгледување добиток, од каде што се остварувале приходи. Во овој дефтер се регистрирани и имотите на богатите муслимански сопственици на чифлици што живееле во Скопје, а кои имале имоти во околните села. Вториот том дава споредбени податоци за имотноста на селското население во однос на градското население, што било предуслов за постепено населување во градовите и нивна христијанизација во втората половина на XIX век.

Најнови објави