По 50 години од работењето на Државниот архив на Република Македонија – Одделение Скопје, кон крајот на 2017 година е започнато покомплексно реновирање на дел од објектот, коешто траеше неколку месеци и притоа се заменети старите прозорци со нови ПВЦ профили во 10 работни простории, читалната и во холот на катот (вкупно 42 прозорци). Во одредени простории каде што беше најпотребно, монтирани се нови ролетни на прозорците. Влезниот хол е поплочен, а во работните простории и во читалната на долниот кат теписонот е заменет со ламинатен под. Врз ѕидовите на внатрешниот работен дел од објектот е извршено комплетно глетување и молерисување на 2622 м2 со нова боја, која не го нарушува оригиналниот изглед на зградата, а на влезните скали се поставени нови плочки и на тој начин се заштитени од ронење.
За да се комплетира во целост обновата на зградата, потребна е замена на стариот лифт во депото со нов (процедурата е во тек), како и подобрување на електричната инсталација и поставување нови клима уреди.
Со реновирањето се создадени подобри услови за работа, а се зголеми и енергетската ефикасност на објектот.
Мора да се напомене дека внимателно се пристапи кон спроведувањето на процесот на реновирање на објектот, бидејќи тој објект e со посебно архитектонско значење¬, наградуван на повеќе меѓународни конкурси од областа на архитектурата.