Во просториите на ДАРСМ, на 13 август 2019 година, се одржа состанок на главниот и одговорен уредник д-р Емил Крстески со редакцискиот одбор на списанието „Македонски архивист“, составен од членови од Институтот за национална историја и членови од Државниот архив. На состанокот беа утврдени содржината и редоследот на статиите за новиот двоброј на списанието (25-26) и се разгледа предлогот од претходниот состанок за вклучување нов член во редакцискиот одбор, експерт по средновековна историја. Новиот број се очекува да излезе од печат кон крајот на октомври 2019.
работна средба со директорот на Управата за водење на матичните книги и директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци
Директорот на Државниот архив, м-р Димитар Богески, денес оствари работна средба со директорот на Управата
