На 15 март 2019 година, д-р Бојан Цвелфар, директорот на Архивот на Република Словенија, го посети Државниот архив на Република Северна Македонија во Скопје и оствари средба со директорот, г. Кирил Петров.
На работниот состанок, двајцата директори разговараа за досегашната успешна соработка помеѓу двата државни архиви, како и за идните можности за реализирање на заеднички проекти. Посебно внимание на состанокот му беше дадено на прашањето за сукцесијата на архивскиот материјал од поранешна СФР Југославија и апликацијата за Проектот за дигитализација на заедничкото архивско наследство од СФРЈ, односно имплементацијата на Спогодбата за прашањата за сукцесија на поранешна СФРЈ и Анексот Д, кој се однесува на архивските прашања.
Апликацијата за проектот за дигитализација е во врска со повикот бр. 2018-1 на Фондот на Европската економска заедница и Норвешка за грантови за регионална соработка, со цел добивање на финансиска поддршка за проектот „Дигитализација на архивското наследство од поранешна Југославија“. Таа е заедничка со Архивот на Република Словенија, како главен партнер на проектот, Хрватскиот државен архив, Архивот на Босна и Херцеговина и Архивот на Југославија, како и Националниот архив на Норвешка, како партнер-експерт.