TrstLogo2018

28-ми Меѓународен ден на архивите – Трст 2018

На 19 и 20 ноември 2018 година во Трст, Република Италија се одржа 28-та конференција, насловена како “Меѓународен ден на архивите”, организирана од Меѓународниот институт за архивистика од Трст и Марибор (International Institute for Archival science of Trieste and Maribor) и Државниот архив во Трст.

Г-дин Кирил Петров, директор на Државниот архив на Република Македонија, заедно со уште двајца претставници од Државниот архив (Димитар Богески, раководител на одделение и Светлана Успрцова, раководител на сектор), присуствуваше на оваа меѓународно значајна конференција, на која присуствуваа 120 архивисти од 25 држави.

Двете главни теми на конференцијата беа:

  • – Приватните архиви: проблеми, прашања и решенија во поглед на заштитата и достапноста; законодавството и можната соработка со јавните архиви; и
  • – Генералната регулатива за заштита на податоците и хармонизација на националното со европското законодавство.

На 28-от меѓународен ден на архивите учествуваа претставници од Италија, Словенија, Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Република Српска, Црна Гора, Франција, Велика Британија, Белорусија, Русија, Полска, Австрија, Германија, Буркина Фасо, Сенегал, Србија, Романија, Соединетите американски држави, Чешка, Оман, Јужна Африка, Швајцарија, Шпанија и Словачка.

Светлана Успрцова, раководител на сектор за истражување, користење, публикување на архивски материјал, меѓународна соработка и автоматска обработка на податоци во Државиот архив на Република Македонија на оваа конференција беше присутна и во својство на член на советот на Меѓународниот институт за архивистика од Трст и Марибор и имаше излагање на тема: „Користењето и заштитата на архивскиот материјал во Државниот архив на Република Македонија“.

Сите излагања, презентирани на конференцијата се објавени во “Атланти” списание на Меѓународниот институт за архивистика во Трст и Марибор, што се објавува од 1991 година и е посветено исклучително на теми од областа на архивистиката.

Учесниците на “28-от Меѓународен ден на архивите” присуствуваа и на отворањето на дванаесетото по ред Есенско училиште за архивистика.

Најнови објави

Движете нагоре