TrstLogo2018

ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА АРХИВИТЕ ВО ПОДЕМ

30. Конференција „Меѓународен архивски ден“ и 14. Есенско училиште за архивистика, организирани од Меѓународниот институт за архивистика од Трст и Марибор (International Institute for Archival Science of Trieste and Maribor – IIAS) и Државниот архив во Трст

Претставници на Државниот архив имаа можност заедно со уште стотина други архивисти од цел свет да учествуваат на 30. Конференција „Меѓународен архивски ден“, која што се оддржа на 7 и 8 декември 2020 година со помош на виртуелната платформа Zoom.

Официјален претставник на делегацијата на Државниот архив на оваа меѓународна конференција беше директорот, д-р Емил Крстески.

Организатори на оваа конференција се Меѓународниот институт за архивистика од Трст и Марибор (International Institute for Archival Science of Trieste and Maribor – IIAS) и Државниот архив во Трст.

Двете главни теми на конференцијата беа:

  • Професијата Архивист и
  • Дигиталното архивирање: Електронски архиви.

Учесниците на конференцијата беа претставници на дваесетина држави, меѓу кои: Словенија, Италија, Хрватска, Малта, Русија, Индија, Финска, Полска, Словачка, Босна и Херцеговина, Султанатот Оман, Република Чешка, Романија, Белорусија, Австрија, Казахстан, Германија и Република Северна Македонија.

Двајца претставници од Државниот архив, во периодот од 7 до 12 декември 2020 година ќе учествуваат и на 14. Есенско училиште за архивистика, исто така организирано од Меѓународниот институт за архивистика од Трст и Марибор.

Сите реферати, презентирани на конференцијата ќе бидат објавени во „Атланти“, списание на Меѓународниот институт за архивистика од Трст и Марибор, кое што се објавува континуирано од 1991 година и е особено популарно меѓу архивистите. Електронската верзија од ова списание се наоѓа на http://www.iias-trieste-maribor.eu, а статиите во него се напишани на англиски, италијански и словенечки јазик.

Оваа година се одбележува 35-годишнината од работата на Меѓународниот институт за архивистика, кој на почетокот носел поинакво име и имал поинаква структура, но уште од самото основање почнал да го објавува списанието „Атланти“, како списание посветено на модерната архивска теорија и практика.

Согласно со статистиката, во изминатите триесетина години во „Атланти“ се објавени околу 12.000,00 страници, како придонес од околу 900 автори, а Меѓународниот институт за архивистика се стекна со статус на една од најреномираните архивски организации во Европа, но и во целиот свет.

На отворањето на 30. Конференција учесниците беа поздравени од: д-р Петер Павел Класинц, директор на Меѓународниот институт за архивистика од Трст и Марибор и одговорен на Катедрата за архивистика на Alma Mater Europeana; г-ѓа Џулијана Барера, претседател на Советот на членовите на Меѓународниот институт за архивистика и претставник од Генералниот директорат на архивите при Министерството за културни добра и активности во Италија; г-ѓа Грација Тату, заменик директор на Меѓународниот институт за архивистика и директор на Есенското училиште за архивистика; г. Дитер Шленкер, директор на Историските архиви на Европската Унија во Фиренца; д-р Чарлс Фаруџа, директор на Националниот архив на Малта и претседател на Европскиот огранок на Меѓународниот архивски совет; г. Лудвик Топлак, претседател на Alma Mater Europeana – Европски центар во Марибор; д-р Бојан Цвелфар, директор на Архивот на Република Словенија; г. Матеј Мужениќ, претседател на Здружението на архивисти на Словенија и г. Михаил Ларин, професор на Универзитетот за хуманистички науки во Москва, Русија.

На конференцијата беа презентирани вкупно 26 реферати, кои се осврнаа на работењето во транснационалните архиви, архивското образование, трансформацијата на образованието на архивистите во дигиталното време и дигиталното архивирање и неговите можности и перспективи.

За време на Конференцијата се оддржа и 36. Генерално собрание на членовите на Советот на Меѓународниот институт.

Најнови објави

Претставник на Државниот архив, м-р Вулнет Исени, учествуваше на меѓународна конференција посветена на историја на архивите во Општина Тузи, Република Црна Гора

Раководителот на одделението на Државниот архив од Куманово, м-р Вулнет Исени, учествуваше на V меѓународна

Дознај повеќе...
Движете нагоре