profilnologoWEB

ЗАМЕНИК-ДИРЕКТОРОТ Д-Р МУЗАФЕР БИСЛИМИ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ОДДЕЛЕНИЕТО ВО БИТОЛА

Заменик-директорот на Државниот архив, д-р Музафер Бислими, на 7 февруари 2020 година, петок, оствари работна посета на Одделението во Битола. Посетата беше во рамки на научно-истражувачката работа на работната група за реализација на проектот поврзан со Македонија во архивската документација на Османлиската Држава, чиј претседател е д-р Музафер Бислими. Овој проект е во соработка со Претседателството на Република Турција, Дирекција на Државните архиви, и ќе има за цел да ја прикаже историјата на Македонија од 14 до почетокот на 20 век. Во наредниот период се планира да се посетат и преостанатите одделенија на ДАРСМ, како дел од акцискиот план за реализација на проектот, за да се истражат архивски материјали од дадениот период.

Заменик-директорот д-р Музафер Бислими ја искористи посетата за да се запознае со тековните активности на вработените како и со одвивањето на работниот процес во Одделението на ДАРСМ во Битола.

Најнови објави