Flag_of_Slovenia

СЛОВЕНИЈА Е НАШ ЦВРСТ МОСТ ВО ОДНОСИТЕ СО ЕУ

Амбасадорот на Република Словенија во Република Северна Македонија, Н.Е. Милан Предан го посети Државниот архив и оствари средба со директорот д-р Емил Крстески.

Амбасадорот Милан Предан беше информиран дека соработката на Државниот архив со Архивот на Република Словенија е од големо значење, особено во однос на спроведувањето на процесот на дигитализацијата и имплементацијата на Анексот Д од Спогодбата за сукцесија, кој се однесува на архивското наследство од поранешна СФР Југославија.

Директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески нагласи дека Словенија, практично, е наша пријателска земја која претставува и наш цврст мост во односите со Европската унија.

Н.Е. Милан Предан и д-р Емил Крстески разговараа за досегашната соработка меѓу двата државни архива во врска со Проектот за дигитализација на заедничкото архивско наследство од поранешна Југославија во рамките на Берлинскиот процес, за обезбедување политичко единство на земјите наследнички на СФРЈ за значењето на тој Проект и за обезбедување финансиски средства од европските фондови за таа намена.

Скопје, 9 ноември 2020 г.

Најнови објави