Monografija PP logo

АРХИВОТ ВО ПРИЛЕП СО МОНОГРАФИЈА ОДБЕЛЕЖУВА 65-ГОДИШНО ПОСТОЕЊЕ

Државниот архив ја објави монографијата „65 години архив во Прилеп (1955 – 2020)“ со која се одбележува јубилејот во работата на овој Архивот.

„65 години архив во Прилеп (1955 – 2020)“, во редакција на Елена Чагороска, претставува своевидно огледало на работата на Архивот во Прилеп, кој веќе 65 години се афирмира како важен темел на македонскиот идентитет, самобитност и државност. Со својот богат културен и историски трезор со архивски фондови и материјали, овозможува домашните и странските истражувачи да имаат пристап до живописната ризница. Целта на оваа монографија е да се информира јавноста за работата и историскиот развој на институцијата, нејзината надлежност и задачи, но и со постигнатите резултати во областа на заштитата на архивскиот материјал и унапредувањето на архивската дејност.

Во монографијата се опфатени историскиот развој на Архивот, работата на Одделението за заштита и евиденција на архивскиот материјал – депо, формирањето и работата на Здружението на архивските работници „Архивистика“, извршувањето на инспекцискиот надзор, издавачката дејност на Архивот, организираните изложби, а даден е и преглед на целокупната структура на вработени во Архивот низ годините, како и целокупниот регистар на архивските фондови и збирки. Монографијата ги поврзува минатото и сегашноста и нѐ потсетува на периодот во минатото кога архивското богатство го чувале црквите и манастирите, а во книгата можат да се видат и повеќе фотографии од цркви и манастири, како и од архивски материјал од постар период.

Со оваа монографија Архивот се докажува и се афирмира како чувар и важен темел на македонскиот идентитет, самобитност и државност.

Скопје, февруари 2021 г.

Најнови објави

Учество на состанок на Редакцискиот одбор на списанието на Историскиот архив на Пожаревац и работен состанок со потпретседателката на Меѓународниот центар за архивско истражување (ICARUS)

На покана на д-р Јасмина Николиќ, директор на Историскиот архив на Пожаревац и уредник на

Дознај повеќе...

ОБЈАВЕНА Е ВТОРАТА КНИГА ОД ВТОРИОТ ТОМ ОД „ОСМАНЛИСКИ ДОКУМЕНТИ ЗА ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА – ПОПИСИ ОД ХIX ВЕК (1832-1833) СКОПСКИ САНЏАК, СКОПСКА КАЗА“ ОД АВТОРОТ  Д-Р АДНАН ШЕРИФ

Објавена е петтата книга, всушност втора книга од вториот том од серијата ,,Османлиски документи за

Дознај повеќе...