Romanski dokumenti 2 logo

НОВА КНИГА ВО ИЗДАНИЕ НА ДРЖАВНИОТ АРХИВ

Државниот архив ги објави „Романските дипломатски документи за Македонија (1901-1903)“, том II.

Вториот том романски документи опфаќа многу значаен период од историјата на Македонија. Станува збор за двете години пред Илинденското востание, а потоа и 1903 г., која практично претставува пресвртница во револуционерното движење на македонскиот народ. Во овој период се случуваат големите провали во Македонската внатрешна организација, силните настојувања на Врховниот македонски комитет од Софија да го преземе рако¬водењето со ТМОРО, загинувањето на Гоце Делчев, солунските атентати и се разбира Илинденското востание.

Сево ова го следат и романските конзуларни претставници и за него јавуваат во Букурешт, директно или преку романската амбасада во Константинопол. Деталните извештаи на конзулите од Битола и Солун и коментарите што во врска со ситуацијата во Македонија ги дава романскиот амбасадор во Константинопол се полни со детали за тешката ситуација на Македонците.

Документите од овие три години што се избрани од романските архиви и што зборуваат за дел од историјата на Македонија и на македонскиот народ се од особено значење за дополнување на мозаикот за она што се случувало во трите почетни години од 20 век и како тоа го виделе романските конзули како ревносни хроничари на политичките и другите случувања во трите македонски вилаети на османска Турција.

Книгата „Романски дипломатски документи“ ги поттикнува интересот за проучување на историските сознанија и факти.

Скопје, февруари 2021 г.

Најнови објави