ICARUS Croatia logo

ДРЖАВНИОТ АРХИВ НА МЕЃУНАРОДНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА – „VI – ТИ ДЕНОВИ НА ИКАРУС ХРВАТСКА“

На 25 и 26 март 2021 година, директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески, учествуваше на online меѓународната конференција „VI-ти Денови на ИКАРУС во Хрватска“, на тема: Архиви – граници, идентитети, рефлексии.

Конференцијата беше организирана од ИКАРУС Хрватска, во соработка со конзорциумот ИКАРУС – Меѓународен центар за архивско истражување (ICARUS – International Centre for Archival Research/www.icar-us.eu).

ИКАРУС Хрватска e член на конзорциумот ИКАРУС и претставува непрофитна организација посветена на истражување на историското наследство, промовирање на достапноста на архивските извори по пат на информатичката технологија и развој на меѓуинституционалната и меѓународната соработка во областа на културната, научната и професионалната дејност.

На конференцијата беa презентирани активностите на ИКАРУС и неговите членови преку разновидните активности за дигитализација и заштита на пишуваното наследство во рамките на тековните проекти и програми низ Европа, а на истата учествуваа околу 200 учесници од 20 европски земји.

Програмата на конференцијата се одвиваше на хрватски и на англиски јазик, а повеќе информации за конференцијата може да се најдат на:

ICARUS HRVATSKA – Dani ICARUSA HR

Најнови објави