Korica_ MTereza 3A

Државниот архив објави ново издание со наслов „Српски документи за историјата на Македонија“ од проф. д-р Музафер Бислими

Во рамките на издавачката дејност, Државниот архив ја збогати својата библиотека со нов наслов „Српски документи за историјата на Македонија“ од проф. д-р Музафер Бислими. Оваа книга – збирка документи што го опфаќаат периодот меѓу двете Светски војни (1918-1941), вусшност, претставува регистар на апликациите за издадените пасоши во градот Скопје за 1927, 1928 и 1929. Во оваа збирка се даваат базични податоци на граѓаните што аплицирале и добиле патна исправа за патување во странство. Документите во оваа збирка може да се користат за проучување на миграциите, за протокот на луѓето и стоката, за односите меѓу земјите, за занаетчиството, за здравствената состојба, за школувањето и секако непроценлив материјал за пронаоѓање на своите најблиски на секој заинтересиран.

Значајно е да се спомене дека во овој регистар ја има и Гонџе Бојаџиу или Мајка Тереза, која аплицирала и зела пасош за патување во Англија за натамошно школување , а од таа година и од тоа патување таа веќе не се враќа во Скопје како Гонџе Бојаџиу туку како позната нобеловка Мајка Тереза во 1979.

Korica MTereza 3A

Најнови објави

Делегација на Државниот архив предводена од директорот м-р Димитар Богески, учествуваше на состанокот на архивите на државите наследнички на СФРЈ во Сараево

Делегација на Државниот архив предводена од директорот м-р Димитар Богески, учествуваше на состанокот на архивите

Дознај повеќе...