IMG_4687-2

Амбасадорот на Словенија во посета на Државниот архив

IMG 4687 2

Државниот архив ја продолжува соработката со Република Словенија на планот на дигитализацијата.

Во рамките на таа соработка, на 27 мај 2021 година Амбасадорот на Република Словенија во Република Северна Македонија, Н.Е. Милан Предан го посети Државниот архив и разговараше со директорот д-р Емил Крстески.

          Амбасадорот Милан Предан се интересираше за веќе остварената соработка на Државниот архив со институциите на Република Словенија и процесот на подготовка на студија за комплетна дигитализација на Државниот архив и сите негови одделенија, како и за динамиката на веќе започнатите процеси во тој контекст.

          Ова не е прва посета на Амбасадорот Милан Предан на Државниот архив. Неговата претходна посета беше во ноември минатата година, кога, исто како и на претходната посета нагласи дека е подготвен да даде комплетна поддршка во реализацијата на процесот на дигитализација во нашиот Архив.

          Директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески, потенцираше дека поддршката од Република Словенија е од особено значење, посебно сега кога се очекува таа да го преземе претседателството со Европската Унија.

IMG 4693 2
IMG 4684

Најнови објави