image_6483441-4-1

Претставник на Државниот архив, м-р Вулнет Исени, учествуваше на меѓународна конференција посветена на историја на архивите во Општина Тузи, Република Црна Гора

Раководителот на одделението на Државниот архив од Куманово, м-р Вулнет Исени, учествуваше на V меѓународна конференција „Архивот и архивистиката во XX-XXI век на покана на организаторите, Општина Тузи од Република Црна Гора, Управата на архивите на Република Албанија и Агенција на архивите на Република Косово. М-р Исени зеде учество со сопствено излагање на тема „Развојот и дејноста на архивите во Македонија 1926 – 1951“ при што беше модератор на третиот дел од конференцијата.

image 6483441 4 1
image 6483441 2 6

Претставникот на Државниот архив присуствуваше на церемонијата на отворање на изложбата на познатиот скадарски сликар Фатмир Јука „Џублета Ентропиа“ во просториите на културно-информативниот центар „Малсиа“ во Тузи.

image 6483441 3 7

Државниот архив како институција во своите приоритети ја има меѓународната афирмација на развојот и достигањата на архивистиката во нашата држава.

Најнови објави