nato

Државниот архив дел од Архивскиот комитет на НАТО

Државниот архив првпат учествува на состанок на Архивскиот комитет на НАТО, со што и официјално се потврдува нашата припадност како институција во овој Комитет на Алијансата

nato

На покана на Архивскиот комитет на НАТО, директорот на Државниот архив д-р Емил Крстески и Светлана Успрцова, раководител на сектор за истражување, меѓународна и домашна соработка и публикување на архивски материјал, првпат официјално учествуваа на состанок на Архивскиот комитет на НАТО.На состанокот, кој се одржа на 1 јули 2021 година, со користење на on-line платформата Zoom, учествуваа околу 60 историчари кои,  пред сѐ, се занимаваат со воена историја и архивисти од националните архиви на Велика Британија, Франција, Германија, Канада, Соединетите Американски Држави, Холандија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Република Северна Македонија и други.

IMG b4628c122adad536d0d01722d8b150d5 V

Овој состанок е значаен поради тоа што претставува прв чекор на соработка на Државниот архив со Архивскиот комитет на НАТО, откако на 27 март минатата година, нашата земја стана полноправен член на НАТО-алијансата. Д-р Емил Крстески во своето обраќање во првиот дел од состанокот се осврна на значењето на документите од Архивот на НАТО за историјата на нашата држава и за историчарите кои се занимаваат со современа историја и даде приказ за документите поврзани со НАТО, кои се наоѓаат во нашиот Архив. Тој даде и иницијатива за објавување на брошура која што ќе ги содржи сите значајни документи поврзани со патот на нашето зачленување во Алијансата.

Потоа, раководителот на сектор, Светлана Успрцова имаше презентација на тема: „Пристапот до архивските материјали во Државниот архив, потрагата по нови архивски материјали и архивски фондови поврзани со НАТО“, што наиде на нагласен интерес од страна на учесниците на собирот. На состанокот се разговараше за видовите на архивските документи од активностите на НАТО, кои се, пред сѐ, оперативни или воени дневници, за потребата од нивно декласифицирање и достапност до јавноста после одреден временски период, како и за архивските фондови на НАТО, поврзани со операциите во Босна и Херцеговина (IFOR и SFOR).

Најнови објави