IMG-57303b0cd4ea4d7e561b4564b57fdffe-V-1

ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЛЕП И КРУШЕВО ОД ИЛИНДЕНСКИОТ ПЕРИОД

Историјата не обврзува ништо и никого да не заборавиме и да ги чуваме спомените на светлите датуми и имињата на големите борци заради сегашните и идните поколенија.

И токму затоа се навраќаме и се сеќаваме на Илинден – да не се заборави судбината на нашите предци, да оживее сеќавањето на стремежот на македонскиот народ за слобода и самостојност и да не згасне факелот на борбата за одржливост на универзалните демократски вредности.

Постојаното согледување на суштината на македонското револуционерно движење од крајот на 19-от век е постојан предизвик, а со сигурност може да се каже дека Илинден е темел на нашата државност и патоказ за нашата иднина, потврда за нашиот идентитет, нашата историја, јазик и култура.

Османлискиот период е карактеристичен и комплексен за целиот Балкански Полуостров од крајот на 14-от до почетокот на 20-от век и практично ја дефинира историјата на регионот во текот на неколку столетија, оставајќи белег и големо наследство на македонските простори во културната, демографската, социјалната и економската сфера.

Единствена институција што ова најдобро го потврдува е Државниот архив, кој е чувар на нашата меморија и кој успешно се соочува со предизвикот познат во нашата историја како – предилинденски, илинденски и постилинденски период. Брошурата „Документи за Прилеп и Крушево од Илинденскиот период“ содржи документи, фотографии и историски материјали кои ја расветлуваат вистината за нашето славно минато од тој период.  

Претставувањето на ова минато и на документите поврзани со Илинден што се зачувани кај нас и во Турција се значајна основа за постојана долгогодишна заемна соработа, која резултира и со објавување на многу непознати документи од нашата историја.

Во тој поглед, не се заборавени ниту Прилеп, ниту, пак, Крушево. Заемната соработка на Државниот архив и Општина Крушево уште еднаш се потврдува со објавувањето на оваа значајна архивска граѓа, поточно брошура која ни овозможува патување низ петвековната Турска империја и нејзиното функционирање, но и за непокорот на македонскиот народ, за идеалите и оптимизмот, издржливоста и храброста на нашите Илинденци.

Државниот архив со публикувањето на оваа историска Брошура пред јавноста прикажува документи од архивските фондови како: „Околиска управа Прилеп (1869 – 1912)“, „Општинска управа Прилеп (1869 – 1912)“, „Катастарска управа – Прилеп“, „Финансиска управа – Прилеп“, „Таписка управа – Прилеп“, „Збирки турски документи – фермани, берати, вакуфнами, бујурулдии“, досега необјабени фотографии од илинденски чети, војводи и борци, документи, писма и преписки, како и шифрираната азбука што лично ја напишал Гоце Делчев за да ја заштити комуникацијата со своите соборци од Отоманците.

Илинден е дел од сите нас и ние треба да живееме со него, да им оддаваме почит на илинденските борци и да се гордееме со нивните дела. Втори август е најсветол датум, ненадминат настан од нашата историја што не може и нема да се заборави! Никогаш!

IMG 57303b0cd4ea4d7e561b4564b57fdffe V 2
IMG 53e43c40da32d5db292a69451a220e7c V
IMG cd52c280f36ce7d00d54f66f70711c9c V 1
IMG a12ed94d23c148e273702e1827990344 V 1
IMG 2996d9dee9e33bd6e78dd6316a5bb498 V 1
IMG 715b9ada01b00c57c76072545ac59ab8 V 1
IMG 20210731 002747 2
IMG 20210731 002817
IMG 624eb6329c66fe8ed2fbaf53790a7876 V 1
IMG 371cc609b9689d7520c2d67f1345b8d4 V 1
IMG 00148f7fc9c3c0f92b07cb34801a19e3 V 1
IMG 9bd558d1e4b0b9eda9a762d78a992dde V
IMG 1eac2ffe38d1677261ef942f026c053b V
IMG 7eafe042008e2c90980c538ffcecc0b7 V
IMG ba06b1c1d090bb2328a445103daadd03 V 1
IMG 49a9be155d3f4ec2c52fd60f13a37396 V Copy

Најнови објави