1-1

Заменик-директорот проф. д-р Музафер Бислими предводеше тим за научноистражувачка работа во Тирана

Заменик-директорот на Државниот архив на Република Северна Македонија, проф. д-р Музафер Бислими, на 21.9.2021 година во рамки на истражувачкиот престој во Тирана, Република Албанија, оствари работна средба со директорот на Генералната дирекција на архивите на Албанија, Ардит Бидо. На состанокот беше заклучено дека двата архиви имаат успешна соработка на повеќе полиња од архивската дејност, при тоа беа разгледани иницијативи за идни проекти што дополнително ќе придонесат за размена на професионални искуства.

1 1

Покрај проф. д-р Музафер Бислими, во научноистражувачкиот тим беа вклучени две раководителки на одделенија од Државниот архив, кои имаа можност да истражуваат фондови кои се однесуваат на историјата на Македонија.

2

На 24.9.2021 година, во последниот ден од престојот, заменик-директорот оствари средба и со македонскиот амбасадор во Тирана, Н.Е. Дончо Марковски, и директорот на Македонскиот културен центар, Златко Ориѓански.

3

Најнови објави