слика-карта-4

Архивот во Прилеп пронајде копија на карта од историско значење


Архивот во Прилеп при тековното работење на фонд, пронајде копија на карта од османлискиот период, која датира од 28.09.1883 година. Пронајдената карта има големо значење и потврдува историски места и културни обележја за кои зборува историјата. На картата прикажан е имот на чифлиг во с. Крстец од 109 декари во сопственост на Хусрев бег – паша со 2 воденици и Ан, кои ги подарува жители од с. Крстец по законски пат со учество на селскиот совет. Во четири печати напишани се имињата на членови на селскиот совет: Стојан, Ангеле, Дамјан (Дамјан е името на Претседателот на селото – Мухтар), Ристе, Мира, Наумче, Коле, Петко, Диме и Ачко. На картата обележани се и два патa кои водат од Прилеп до Велес. Eден пат одбележан е Прилеп преку с. Крстец кон Велес и другиот пат Прилеп преку с. Присад и дервенскиот премин со обележана кула. На планинскиот дел обележани се местата Балталак и Конор, манастирите Трескавец и Присадскиот манастир, Дервенските кули и местото по воденици. Најзначајниот запис на картата е исцртан пат кој Прилеп го поврзува со Via Egnatia и на север до Куманово. Овој документ е од големо историско значење, дел од нашето историско минато. Благодарност до Мустафа Алиоски за преводот на текстот кој е вработен во Државниот архив – Османлиско одделение. 

карта 1
карта 2
карта 3
карта 5
карта 6
карта 4

Најнови објави