1

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ ВО ПОСЕТА НА ДРЖАВНИОТ АРХИВ – ОДДЕЛЕНИЕ ШТИП

Во рамките на својата посета на Штип, претседателот, Стево Пендаровски го посети и Државниот архив – Oдделение Штип. Тој беше запознат со условите, структурата и функционирањето на Архивот.

Раководителот во Штип, Делчо Трајков на претседателот, Стево Пендаровски му презентира и повеќе ретки документи значајни за нашата историја што ги поседува Oдделението во Штип, како што се: две свидетелства потпишани од Гоце Делчев во училиштето во Ново Село, Молба за упис на Филозофскиот факултет на народниот херој Ванчо Прќе, диплома на првиот лекар-хирург во Штип, документи за имот или тапии од Османлискиот период, како и првата радио вест за ослободувањето на градот Штип.

Инаку, Одделението на Државниот архив во Штип располага со 523 фондови и 22 збирки значајни историски материјали и документи, од кои најстарите се од 1895 година.

1
2
3
4
5

Најнови објави