5

„Ученици од меѓународното училиште „Маариф“ го посетија Државниот архив“

Државниот архив во своите приоритети го има развивањето на едукативната дејност со ученици од средните училишта и студенти од високообразовните институции. На тој начин се постигнува доближување на архивистиката како можен избор за професионална ориентација во иднина и се афирмира местото и улогата на Државниот архив во општеството.

На 2.12.2021 г. (четврток) ученици од меѓународното училиште „Маариф“ заедно со предметниот професор, Ѓуласфије Мелани го посетија Државниот архив при што имаа можност да се запознаат со процесот на работа и со значајна документација од османлискиот период.  Долгодишни професионалци од архивот на учениците им го претставија начинот на преземање, средување и обработка, конзервација, чување и користењето на архивскиот материјал.

5

Вработените од читалната и библиотеката претставија дел од издавачката дејност на институција и ги поканија учениците да го користат големиот библиотечен фонд за нивни потреби во текот на образованието.

thumbnail

На крајот од посетата во рамки на дискусијата учениците поставуваа прашања до архивските професионалци при што изразија задоволство од успешната презентација и побараа повторно да се реализираат заеднички едукативни проекти.

3

Најнови објави

Учество на состанок на Редакцискиот одбор на списанието на Историскиот архив на Пожаревац и работен состанок со потпретседателката на Меѓународниот центар за архивско истражување (ICARUS)

На покана на д-р Јасмина Николиќ, директор на Историскиот архив на Пожаревац и уредник на

Дознај повеќе...

ОБЈАВЕНА Е ВТОРАТА КНИГА ОД ВТОРИОТ ТОМ ОД „ОСМАНЛИСКИ ДОКУМЕНТИ ЗА ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА – ПОПИСИ ОД ХIX ВЕК (1832-1833) СКОПСКИ САНЏАК, СКОПСКА КАЗА“ ОД АВТОРОТ  Д-Р АДНАН ШЕРИФ

Објавена е петтата книга, всушност втора книга од вториот том од серијата ,,Османлиски документи за

Дознај повеќе...