Подрачното одделение на Државниот архив – Куманово ги известува граѓаните на општините Куманово, Старо Нагоричани, Кратово, Липково, Ранковце и Крива Паланка за можноста за донирање архивски материјали поврзани со делувањето на поединци, семејства и значајни организации во нашето општество.
Од донираните архивски материјали (фотографии, преписки, ракописи, лична документација и сл.) ќе се формираат архивски фондови кои во иднина ќе им бидат достапни на истражувачите и од нив ќе произлезат вредни публикации од областа на политичката историја, историја на секојдневниот живот, културната историја итн.
Сите заинтересирани можат детално да се обратат на телефонскиот број: 031/420-464 и на е-маил адресата vullnet.iseni@archiv.gov.mk или директно во подрачнато одделение лоцирано на бул. „III-та Македонска ударна бригада“ бр.20, Куманово.